Ангеловски: Покажавме нов квалитет, а тоа е да одиграме на резултат

Најважно е дека победата која беше потребна е остварена, посочи селекторот Игор Ангеловски по денешниот триумф над Ерменија од 2:1, во првиот меч од Лигата на нации.

„Најважно да го добиеме мечот. Ова беа ненормални услови за игра, беше многу топло. Нормално кога фудбалерите не се во полн натпреварувачки ритам да има осцилации во играта. Покажавме нов квалитет, а тоа е да одиграме на резултат. Немам замерки и за мене е нормално да се одигра ваков меч. Мене ми е криво што некои не размислија добро да играме во 3 часот попладне и намалија број на измени место пет на три. Тие што се задолжени за тоа да мислат за здравјето на фудбалерите“, рече Ангеловски по мечот.

Селекторот вели дека е задоволен затоа што уште од стартот поведовме.

„Најавивме дека ќе тргнеме на победа и рано го отворивме противникот. Имавме уште две шанси за гол, една имаше и Ерменија кога одбрани Шишковски. Потоа дојде и вториот пенал и потоа во вакви услови немаше причина да притискаме со 200 отсто. Имаа они шанси, но и ние промашивме шанси за победа од 3:0“, кој додаде дека капитенот Горан Пандев самиот посочил дека не е подготвен за целиот меч и било договорено да одигра само 30 минути.

- Оглас -

Најнови вести