Ангеловски: Први сме, нема да нѐ разниша еден пораз

Македонија е подготвена да се врати на победничките патеки и еден пораз од Ерменија не може да ја разниша добрата атмосфера што се гради веќе три години, вели селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски.

На ред е клучниот меч во нашата група, против Лихтенштајн во Вадуц на 16-ти ноември, а победа речиси сигурно ќе ни гарантира полуфинале во Сегментот Д на патот кон историски пласман на Европско првенство.

„Да ни понудеше некој во оваа фаза прво место во групата со три бода предност, сигурно ќе прифатев. Главната цел беше да го освоиме првото место во нашата група и ние сме на прагот да го оствариме тоа. Потоа, секако, и да атакуваме на пласман на Европското првенство 2020 година“, додаде Ангеловски.

За дуелот на „Реинпарк“ во Вадуц, на 16-ти ноември од 20.45 часот, тој подготви едно изненадување. Го врати во составот Крсте Велкоски, играчот кого добро го познава од времето кога му беше тенер во Работнички.

„Игра добро за Сараево и дава голови, па одлучив да му дадам шанса. Ќе ни треба за дуелот со Лихтенштајн, особено поради фактот што нема да можам да сметам на суспендираните Елмас и Алиоски. Останатите се тука, 99 проценти од нив се стандардни во составот на репрезентацијата и верувам дека сите заедно ќе ја оствариме целта. Одиме на победа и против Лихтенштајн и со Гибралтар. Имаме квалитетна селекција што може да оствари и повисоки цели“, заврши Ангеловски.

 

- Оглас -

Најнови вести