Ангеловски си најде нов ангажман, ќе работи во Казахстан

Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, кој го оствари најголемиот успех во историјата на мак-фудбалот со пласманот на ЕП 2020, си најде нова работа и тоа во Казахстан.

Ангеловски и официјално е назначен за нов тренер на екипата на Каспиј која на социјалните мрежи се пофали со новиот тренер.

Ангеловски по напуштањето на селекторската функција во 2021 година по Европското првенство, кратко време ја предводеше хрватската екипа Горица, каде поради слаби резултати беше сменет.

Каспиј лошо ја започна новата сезона во шампионатот на Казахстан, и по шест кола има само една победа и дури пет порази со што се наоѓа на последното место на табелата.

- Оглас -

Најнови вести