Ангеловски со комбиниран состав за мечот против Естонија: Без Пандев, Барди, Велковски…

Селекторот Игор Ангеловски во отсуство на неколку првотимци, мораше да комбинира со составот за претстојниот меч против Естонија кој ќе се игра во Талин.

Од составот кој го победи Косово, во стартните 11 се најдоа само Алиоски, Ристовски и Николов, додека Ангеловски направи осум измени во поставата.

Во формација 4-2-3-1, на голот е Шишковски, четворката позади се Ристовски, Зајков, Ристевски и Алиоски. Николов и Спировски е двоецот во средината, Трајковски, Хасани и Костадинов ќе му помагаат на најистурениот Иван Тричковски.

 

- Оглас -

Најнови вести