Ангеловски во акција – Со тренинг-камп во февруари ќе ги провери потенцијалните репрезентативци

Игор Ангеловски одлучи да го искористи февруари за мини тренинг-камп на репрезентацијата на Македонија, а го објави и списокот со 20-темина фудбалери кои се потенцијални репрезентативци и кои ќе имаат шанса да се наметнат и за квалификациите за Мундијалот во Катар 2022 година и за настап на Европското првенство во јуни и во јули годинава.

Грото фудбалери што треба да бидат на подготовките од 15 до 17 февруари се од домашното првенство. Ќе се одигра и пријателски меч со Работнички како тест за можностите на играчите што веќе настапувале за нашата репрезентација или се кандидати за да играат во некоја од следните акции, во квалификациите за СП во Катар идната година или на ЕП годинава.

„На тренинг-кампот повикавме 20-мина фудбалери. Најголемиот дел доаѓаат од клубовите од домашниот шампионат, а неколкумина играат во странство. Клубовите добија дозвола од ФИФА да ги задржат своите фудбалери во мартовскиот термин за репрезентативни натпревари, а тоа значи дека изборот на фудбалери ни е значително скратен, освен, се разбира, за оние кои ќе добијат дозвола од своите клубови.

Нашата намера е евентуално да го дополниме главниот репрезентативен список со имиња на фудбалери кои ќе остават силен впечаток на тренинг-кампот и на контролниот натпревар против Работнички. Се надевам дека овој тренинг-камп ќе биде од корист за сите“, изјави селекторот Игор Ангеловски.

Фудбалерите и стручниот штаб првиот тренинг ќе го имаат на 15 февруари, на тренинг-ценратот „Петар Милошевски“, а натпреварот против Работнички ќе се одигра на 17 февруари во 14:00 часот.

Еве го комплетниот список на играчи што се повикани на тренинг-кампот во Скопје:

 

- Оглас -

Најнови вести