Ангеловски задоволен од победата, дополнително треба да види што рекол Несторовски по дадениот гол

Селекторот Игор Ангеловски е задоволен од убедливата победа и освоените први три бода на Македонија во квалификациите за пласман ан СП 2022 година. За нашата селекција ова е најубедливата победа во последните 19 години.

„Тоа што го очекувавме го остваривме. Во денешниот фудбал е тешко некого да победиш убедливо, но ние успеавме. Резултатот ни дозволи да не ги исцрпиме силите на главните адути до последен момент. Се тоа што го сакавме на овој меч, го остваривме. Секако дека сум задоволен од реализацијата. Се тоа што го побарав од фудбалерите, тие го направија на теренот“, рече Ангеловски на прес конференцијата по мечот.

Што се однесува до моментот кога Несторовски погоди за 5:0 и за тоа што го рече голгетерот на Удинезе, Ангеловски вели дека не е запознаен со „инцидентот“.

„Не сум го погледнал моментот за тоа што рекол Несторовски и затоа не можам да искоментирам. Кога ќе ја видам ситуацијата ќе имам и коментар“, додаде Ангеловски.

- Оглас -

Најнови вести