Англичанец предвиде дека Реал ќе го победи Сити со пенал на Бензема во 95-тата, па сега се кае! (Фото)

Еден Англичанец, навивач на Манчестер сити, стана хит откако масовно се споделуваше неговата објава на „Твитер“ во која тој предвиде што точно ќе се случува на синоќешниот меч Реал Мадрид – Манчестер сити.

Овој фан на Граѓаните на шест часа пред почетокот на дуелот во Мадрид, објави видео со човек како сонува кошмар и напиша: „ВАР вели дека има пенал, 95-та минута е, и тоа е пенал за Реал Мадрид. Бензема шутира, погодува, Реал оди во Париз, Сити е елиминиран“.

Ова е неверојатно „предвидување“, со тоа што пеналот не беше во петта минута од судиско продолжение, туку во петтата минута од продолженијата.

Откако дозна дека твитот му станал вирален, објави дека жали што Сити е во аут.

„Погодив, но по каква цена?“

- Оглас -

Најнови вести