Англија со 1:0 ја победи Србија во првото коло од Ц групата на ЕП, а стрелец на единствениот гол беше Џуд Белингам во 13 минута. Во продолжение на дуелот немаше многу возбудувања, а многумина го прогласија како најдосаден меч до сега на турнирот.
Еден навивач на Англија стана хит на социјалните мрежи откако објави видео на кое се гледа како сам седи на трибините, велејќи дека е 4 часот по полноќ.
„Само што се разбудив и сега е четири часот наутро. Се смрзнав. Уште сум на стадионот на Шалке“, вели навивачот додека на снимката се гледаат трибините на празниот стадион.
https://twitter.com/i/status/1802735705996636235