Англичаните одиграа многу солиден Мундијал, а беа елиминирани во европскиот класик од актуелниот светски првак Франција, во рамноправен дуел од четвртфиналето што заврши со резултат 1:2.
Иако не можат да го оценат како успех бидејќи амбициите на земјата што важи за колевка на фудбалот секогаш се титулите, сепак има сегмент во кој многу напредувале.
Тоа е однесувањето на навивачите, кои за првпат во историјата на Мундијалите следеа Светско првенство без ниту еден од нив да биде уапсен.
Англиската полиција задолжена да ги следи симпатизерите на Трите Лава во Катар објави податок што досега го немало, а се мина без апсења и притвор за навивачите од Островот.
На секој меч што Англија го одигра на турнирот имаше најмалку 6-7 илјади нивни навивачи, а се однесуваа исклучително коректно.
Ова е добро и како најава за дуелите меѓу Македонија и Англија во следните квалификации за пласман на Европското првенство во Германија во 2024 година.
Во иста група сме уште со Италија, Украина и Малта, па ќе одиграме два меча со Гордиот Албион.
Првиот е на 19 јуни на „Олд Трафорд“ во Манчестер, а потоа Англија ќе ни гостува во Скопје на 20 ноември, во последниот меч за двете селекции во Ц групата.