Холандија ќе игра финале против Португалија за трофејот во премиерното издание на Лигата на нациите, а Лалињата направија комплетен пресврт и по 120 минути игра заслужено се најдоа на чекор до пехарот.
Со 3:1 победи подобрата и селекцијата што направи помалку грешки, а ги имаше и на двете страни, и тоа кардинални.
Најпрво Маркус Рашфорд во 32-рата минута го искористи големиот кикс на Матајс де Лихт, му побегна и изнуди пенал за Англија. Погоди Рашфорд за предност од 1:0.
https://www.youtube.com/watch?v=aqiPvwz4vHY
Де Лихт се извади со израмнувачки гол во 73-тата минута, кога погоди со удар со глава, па се играат продолженија.
https://www.youtube.com/watch?v=4ObVA4SxPzo
Во дополнителните 2Х15 минути по еднаш кардинално погрешија Џон Стоунс и Рос Баркли, па Холандија славеше со 3:1 и ќе игра за пехарот во сегментот А против домаќинот на турнирот Португалија.
https://www.youtube.com/watch?v=uGaEIOYuHYY
Вчера Португалците со хет-трикот на Кристијано Роналдо ја победија Швајцарија со идентични 3:1.
https://www.youtube.com/watch?v=Cyk2DBlFhVM