Англичаните доминираат на Спортска прогноза, одиграјте денеска до 13.30 часот

Англичаните доминираат на популарната Тринаесетка во 22. коло на Спортска прогноза, а почетокот и крајот на натпреварите што ви ги нудиме за прогнозирање се од Премиерлигата.

Една од најсилните лиги на светот, познат терен за љубителите на фудбалот, што можеби е и полесна задача за големата армија учесници во нашата бесплатна игра за конечно да се погоди максимален број на натпревари и да се освои мобилниот телефон „ајфон 11“.

Денеска од 13.30 часот кога е и последниот термин за вашите прогнози ќе почне дуелот меѓу Астон Вила и Арсенал, а покрај овој меч има уште пет натпревари од Англија на менито на бесплатната игра што ја организираат Sport Life и Спорт Манија.

Секако во фокусот е дуелот меѓу Ливерпул и Манчестер сити, или битката на двата последни шампиони на Англија. Тој меч ќе се игра во недела од 17.30 часот, а и вашите досега пристигнати прогнози потврдуваат дека не очекува неизвесен дуел. Тоа е и посебен предизвик да се одигра 22. коло на Спортска прогноза и да се погоди исходот на големото англиско дерби.

Секако има уште многу интересни натпревари, ќе треба да се погоди и исходот на италијанското дерби меѓу Рома и Јувентус, има и шпански натпревари од Ла Лига, тука се и германската Бундеслига и мечеви од Лига 1 во Франција.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести