Познат терен за прогнозерите – Англичаните доминираат во новата рунда на Спортска прогноза, трката за „ајфон 11“ продолжува

Натпреварите од англиската Премиер лига доминираат во тековното коло на Спортска прогноза, 12-то по ред во третата сезона на бесплатната игра со многу награди и забава што ја организираат Sport Life и Спорт Манија.

Тоа е познат терен за искусните прогнозери, кои ги има сè повеќе од коло во коло на Спортска прогноза. Убава шанса да се вклучите во трката за топ-награди и особено за премијата „ајфон 11“ што Sport Life ја доделува во секое коло за погодени 13 натпревари.

Почетокот речиси стандардно е со меч од Бундеслигата, во сабота во 15.30 часот, а секогаш стартот е особено важен за Спортска прогноза.

Унион Берлин и Ајнтрахт Франкфурт ќе играат во главниот град на Германија, во меч од Бундеслигата и до тој термин, до 15.30 часот, ќе можете да ги прогнозирате натпреварите од 12-тото коло.

Потоа следи преселба на Островот со три меча по ред во англиското првенство, а има и дуели од останатите пет најсилни лиги во Европа.

Дерби на колото е лондонската пресметка меѓу Челзи и Тотенхем во недела од 17.30 часот, интересен ќе биде и дуелот во Серија А меѓу Наполи и Рома од 20.45 часот, а интересна е и листата на награди за прогнозерите.

За погоден максимален број натпревари, 13, се добива „ајфон 11“ во секое коло, а Sport Life ги наградува и утките. Еден промашен пар носи ваучер од 1.000 денари, а две утки на Тринаесетката се наградуваат со ваучер од 500 денари.

Се разгоре и битката за шампионската позиција во Генерален пласман, што ќе биде наградена со ТВ Смарт од 48 инчи, а стандардно прогнозерите што ќе бидат во Топ-5 на крајот од сезоната, ќе добијат и многу поени од СЛ Маркетот на Sport Life.

 

 

- Оглас -

Најнови вести