Англичаните ги разбија Грците, сакаат да ја избегнат Македонија

Со победата од 3-0 на гостувањето кај Грција, репрезентацијата на Англија се искачи  на прво место во својата група и најверојатно ќе обезбеди враќање во елитната Лига А од Лигата на нации.

Англија во последното коло треба да победи дома против Република Ирска за сигурен пласман во Лига А и бегство од Лига Б во која во следното издание ќе учествува и македонската репрезентација.

Головите за Англија ги постигнаа Оли Воткинс, автогол на голманот Влаходимос по шут на Белингам, и Кертис Џонс од Ливерпул кој е дебитант и вечерва првпат играше за Гордиот Албион, а даде феноменален и атрактивен гол.

Во елитната Лига А, Италија со победата над Белгија од 1-0 е многу блиску до место на фајнал-форот и битката за титула, а Франција остана втора по ремито дома против Израел од 0-0. Франција има три бода помалку од Италија на едно коло до крајот и тие два тима остануваат во Лига А.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести