Англичаните го губат трпението со Саутгејт

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, повторно е цел на критики во англиската јавност по вчерашното реми од 1:1 со Полска. Гордиот Албион отвори со погодокот на Хари Кејн во 72-рата минута, додека во судиското продолжение со голот на Шимански домаќините дојдоа до израмнување.

Сепак, покрај резултатот, фановите на Англија му најдоа замерки на Саутгејт во предводењето на натпреварот, пред сè затоа што во текот на натпреварот тој не направи ниту една замена. Во период кога натпреварите се натрупани и фудбалерите се преморени, тоа е навистина збунувачки. Кога станува збор за селекторот на Англија, јасно е дека тој има малку збунувачка тактика околу измените на фудбалерите.

За потсетување, во финалето на ЕП против Италија, во 120-тата минута од клупата ги внесе Џејдон Санчо и Маркус Рашфорд, а подоцна тие ги промашија пеналите и со тоа „Аѕурите“ дојдоа до втората европска титула.

 

- Оглас -

Најнови вести