Англиските медиуми најавуваат дека фудбалската асоцијација на Англија планира реформа на ФА купот и примена на форматот, за да се подобри ситуацијата околу календарот и пренатрупаноста на натпревари.
УЕФА објави поголем број на мечеви и клубови во Лигата на шампионите и Лига Европа од следната сезона, па притисокот врз ФА беше голем, и од сезоната 2025/2026 најстарото натпреварување на светот ќе биде поинакво од тоа што досега го знаеме.
Главната новина треба да биде тоа што во третото и четвртото коло ќе нема реванш мечеви во случај на нерешен резултат, а петтото коло ќе се игра за викенд.
Промени треба да има и во Лига купот. Во ова натпреварување, полуфиналето ќе се игра само во еден меч. Во Премиер лигата, ќе има пет, наместо сегашните четири вонредни кола среде работна недела.