Англичаните го отвораат новото коло на Спортска прогноза, а домаќините се фаворити кај прогнозерите

Новото, 34-то коло на Спортска прогноза веќе наголемо се типува, а како што е веќе добро познато, мајсторот којшто ќе ги погоди 13-те натпревари на подарок го добива прекрасниот „ајфон 12“.

По 24 часа изминати од објавувањето на натпреварите за оваа рунда, прогнозерите веќе имаат свои фаворити, но сега најмногу ќе обрнеме внимание на првите средби.

Колото стартува во сабота, од 16 часот, со два натпревари од стандардниот премиерлигашки терми. Брентфорд го пречекува Саутхемптон, а дури 65,26 отсто од играчите се надеваат на домашен триумф.

За Светците, пак, навиваат само 13,95%, додека нерешен исход од оваа средба очекуваат 20,79%.

Втората средба од истиот термин ја играат Барнли и Астон вила, а за домаќинот којшто се бори за опстанок, точно 45 одтто од прогнозерите сметаат дека ќе се радуваат на победата. За гостите од „Вила парк“ дека ќе заминат со три бода, сметаат 37,10%.

Најмал број играчи (17,89%) се тие што сметаат дека ќе нема победник на оваа средба.

Иако сезоната е во самата завршница, нè е доцна да се приклучите во борбата за прекрасниот „ајфон 12“. Сè што треба да направите за да учествувате во оваа бесплатна игра е да имате SL картичка за којашто можете да аплицирате во кој било од уплатните објекти на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести