23.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Англичаните го отвораат патот до добитни Квоти на денот

Екипите од Премиер лигата доминираат во денешните Квоти на денот кои ги нуди Sport Life, со одлична вкупна квота од 12.97. Арсенал, Тотенхем и Манчестер јунајтед треба да бидат добитна комбинација во реванш-дуелите од Лигата на Европа, против Олимпијакос, Динамо Загреб и Милан.

Топчиите имаат доста сигурен резултат од првата средба со Олимпијакос, но гостинската победа од 3-1 ќе треба да се потврди  и на „Емирати“, каде што е можно да се повтори границата на погодоци. За типот 1 & 2-4 гола, сосема солиден е коефициентот 2.40.

Модрите на Адеми и Ристовски ќе бркаат негатива од два погодоци, па затоа очекувањата се дека Динамо може да даде барем еден гол против Тотенхем. Треба да има и одговор од тимот на Мурињо, за типот X2 & ГГ со квота 2.30 да биде точен.

Кјаер го спасуваше Милан на „Олд трафорд“ во судиското надополнување за конечни 1-1 против Манчестер јунајтед. Двете екипи дадоа по еден гол во второто полувреме, па нема да биде чудо доколку и вечерва го повторат учинокот. Од двата гиганти се бара да бидат ефикасни во кое било полувреме за имаме добитна квота од 2.35.

 

- Оглас -

Најнови вести