Англичаните го преспаа летниот преоден рок

Премиерлигашите од Англија изненадувачки не се толку активни во овој преоден рок и според проекциите, ќе има вкупно 76 нови играчи што ќе ги засилат 20-те клубови од најсилната лига на Островот.

Тоа, ако се остварат предвидувањата, ќе биде најмал број ангажирани нови фудбалери во Премиер лигата во последните 18 години.

И за првпат нема да се помине границата од 100 засилувања за англиските клубови во летен преоден рок. Во новиот милениум до ова лето, секогаш имаше над стотка изразено во трансфери и најмалку 104 нови играчи пристигнаа во Премиер лигата во 2002-та година.

- Оглас -

Најнови вести