Деле Али, некогашниот голем талент на англискиот фудбал, често споменуван како фудбалер што вреди и 100 милиони фунти, доживеа огромен пад во кариерата и не успева да се врати на нормален колосек.
Во Бешикташ, каде што игра моментно, вчера беше испратен од терен со силни свирежи од публиката, а беше заменет само по 29 минути игра, кога гигантот неочекувано губеше со 0:2 од третолигашот Санлиурфаспор.
Тренерот на „црно-белите“, Шенол Ѓунеш, ги извади од игра Деле Али и Атиба Хатчинсон, а целиот гнев на навивачите од трибините беше насочен кон поранешниот англиски репрезентативец.
https://twitter.com/EnglishAbroad1/status/1605851436360802304?s=20&t=mUHVKy_5DGQPMu3YRdw8cQ
Али има 26 години и дојде на позајмица во Бешикташ од Евертон со надеж дека ќе направи пресврт во кариерата и дека ќе се врати на нормалниот колосек што му овозможи да одигра 37 натпревари за Англија.
Сепак, ниту во редовите на турскиот гигант не му оди како што посакува, па сè повеќе кариерата му оди надолу.
Најдобар период во кариерата му беа седумте години минати во Тотенхем од 2015 до јануари ова година, кога се пресели во Евертон, па потоа брзо замина на позајмица во Бешикташ.