Англичаните и Албанците убедливи, Германија не победи на првиот тест пред ЕВРО 2024

Фудбалските селекции на Англија и на Албанија имаа успешни проверки пред настапот на Европското првенство во Германија. Домаќинот, пак, одигра реми без голови против Украина во Нирнберг.

Англичаните ја победија селекцијата на Босна и Херцеговина со 3-0. Кол Палмер од пенал погоди во 60-тата минута и донесе водство за Англичаните, а во финишот уште два гола постигнаа Трент Александер-Арнолд и Хари Кејн.

Албанија исто така беше убедлива и славеше против Лихтенштајн со 3-0. Армандо Броја во 31-вата минута беше стрелец на првиот гол, потоа погоди Јасир Асани во 47-мата минута, а серијата голови ја затвори Ернест Муци од пенал.

Германците одиграа добар меч во Нирнберг против Украина, но беше видливо дека сѐ уште не се во најдобрата форма.

Шкотска го победи Гибралтар со 2-0, а Хрватска оствари триумф над Македонија од 3-0.

- Оглас -

Најнови вести