Англичаните интензивно го бараат новиот селектор, сега Џерард е прв избор

Легендарниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард, би можело да биде идниот селектор на Англија, пренесуваат медиумите од Обединетото Кралство.

Џерард на селекторското столче би дошол на местото на Герет Саутгејт, кој засега нема намера да си поднесе оставка. Причина за тоа е договорот со Фудбалската федерација на Англија кој трае до 2024 година, односно до завршување на Европското првенство.

Поранешниот капитен на Ливерпул во тренерската кариера водеше само два тима, шкотскиот Ренџерс, кого го врати во врвот на шкотскиот фудбал, како и Астон вила, каде што не се прослави и пред два месеца доби отказ.
За репрезентацијата на Англија одигра 144 натпревари и постигна 21 гол.

- Оглас -

Најнови вести