Англија и некомплетна (ги немаше Белингам, Сака, Палмер, Фоден, Александер-Арнолд) ја разби Србија со 5-0 и покажа моќ, а ова може да биде и последен меч за Драган Стојковиќ како селектор на српските Орли.
Фановите после оваа историска брука и тежок пораз, бараа заминување на популарниот Пикси. Многу навивачи не можеа да гледаат до крај и си заминаа после четвртиот гол.
Значајни победи на гости извојуваа Португалија против Унгарија од 3-2 и Австрија над БиХ од 2-1. Франција која последните 30-тина минути ги играше со човек помалку по исклучувањето на Чуамени, се провлече против Исланд и триумфираше 2-1 после водство на гостите од 1-0.