29.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Англичаните најнезадоволни од новиот формат на Лигата на шампионите кој ќе почне од 2023

Откако стана јасно дека Лигата на шампионите и Лига Европа ќе имаат сосема нов формат од сезоната 2023/2024, најголеми критики има од англиските клубови.

Во ЛШ наместо 32, ќе има 36 тима, и првата фаза нема да бидат 8 групи со 4 тима како досега, туку сите ќе бидат заедно и ќе играат 8 меча против различни противници (четири мела дома и четири на гости), па најдобрите осум на табелата одат директно во осминафинале, додека екипите кои ќе се најдат од 9 до 24 место ќе разигруваат за останатите осум празни места во осминафиналната фаза.

Со новиот систем и календар, групната фаза нема да заврши во декември како досега, туку ќе трае до крајот на јануари.

Англичаните сметаат дека поради ова, ќе настане хаос во домашните натпреварувања, особено кај нив, бидејќи имаат два купа.

Ова значи дека во ФА купот нема да има преигрување на мечеви, веројатно укинување на Лига купот или најсилните клубови таму да играат со младинци, а како најлоша варијанта се спомнува и намалување на бројот на клубови во Премиер лигата од 20 на 18.

- Оглас -

Најнови вести