Англичаните не може да се изначудат каков пенал доби Македонија: „Плачат“ Џон Тери, Гери Линекер…

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, беше лут поради тоа каков пенал доби Македонија за водство против Гордиот Албион. Саутгејт на пресот по мечот едноставно потенцираше дека дуелот по кој Миовски падна, а судиите во ВАР-собата досудија пенал, едноставно не требало да биде удар од белата точка.

Саутгејт не е едиснтвен со таква реакција. Неколку поранешни англиски репрезентативци се јавија со свои реакции на социјалните мрежи.

„Ох, Боже, како може тоа да е пенал?“, се запраша Џон Тери, додека легендарниот Гери Линекер вели дека тоа било смешна одлука. „Не е ни најмалку важно, но тоа е најсмешната одлука за пенал“, беше реакцијата на Линекер.

Некогашниот дефанзивец на Ливерпул, Џејми Карагер, се чудеше. „Бизарни се овие ВАР-пенали кои се судат во Европа“, реагираше Карагер.

По голот на Барди, Англија успеа да израмни на 1:1, и тоа по шутот на Хари Кејн, а потоа топката удри во Јани Атанасов и заврши во голот на Столе Димитриевски.

- Оглас -

Најнови вести