Англичаните не се допингуваат: Откриено што пиеше Трипие за време на мечот со Србија

Вистинска бура на социјалните мрежи предизвика моментот од мечот помеѓу Англија и Србија, кога фудбалерот на „гордиот албион“, Киран Трипие, во моментите додека беше повреден се напи некоја „магична“ течност. Многумина на социјалните мрежи ги обвинија англичаните дека се допингуваат и бараа нивна дисквалификација од Европското првенство.

Сепак, секако дека не се работи за допинг, кој сигурно дека некој не би го земал јавно и на телевизиски преност пред целата светска јавност. Од кампот на Англија соопштија дека Трипие пие сок од кисели краставици, како и јаглехидрати, кои ги намалуваат грчевите во мускулите кај фудбалерите за дури 40%.

Сокото од кисели краставици го користат и голем број на други спортисти, не само во фудбалот, а посебно е познат кај тенисерите, поради големиот напор кој го имаат.

- Оглас -

Најнови вести