Англичаните не веруваат во своите, во Премиер лигата има само двајца домашни менаџери

Еди Хау од Њукасл и Шон Дајч од Евертон се единствените двајца англиски менаџери во англиските премиерлигашки клубови, што предизвика аларм на Островот и потврдува дека клубовите таму имаат поголема доверба во странски отколку во домашни тренери.

Досега не се случило да има само двајца, а на Дајч работата во Евертон не му е сигурна, и Хау може да остане единствен.

Ако се бројат и останатите Британци, тогаш на Дајч и Хау им се приклучува само уште Киран Мекена од Ипсвич кој е роден во Англија, но израснат е во Северна Ирска и играше за младата селекција на траа земја. Сите други менаџери во Премиер лигата се од земји кои не се на Островот.

Во првата сезона од Премиер лигата, 1992-1993, имаше само еден небританец менаџер и тоа Ирец.

Во моментов во Премиер лигата има пет шпански и четворица португалски менаџери.

Англиски тренери нема многу ни во останатите силни лиги низ Европа. Исклучоци се Лиам Росениор во Стразбур и Вил Стил кој е роден и израснат во Белгија и е на чело на Ленс.

Во Премиер лигата само 10% од тренерите се домашни. На пример во Серија А, дури 16 тренери од 20 тренери се Италијанци (80%), а во шпанската Ла Лига има 14/20 Шпанци (70%). Во Лига 1 и Бундеслигата е пола-пола.

Од формирањето на Премиер лигата во 1992-93 ниту еден англиски менаџер не ја освоил титулата. Хари Реднап со Портсмут во 2008 година беше последниот англиски менаџер кој освоил голем трофеј со тим од Премиер лигата – ФА Купот.

Од 1992 година, Жозе Мурињо Свен-Горан Ериксон со Лацио се единствените неиталијанци кои ја освоиле Серија А.

Домашната сопственост е уште една област каде што Премиер лигата се разликува од нејзините ривали. Само пет од 20-те тимови од Премиер лигата се во сопственост на Англичани или англиски компании, газди на другите клубови се странци, претежно Американци и Арапи.

- Оглас -

Најнови вести