Мечот на домашен терен против силната Англија е шлагот со кој македонскиот национален тим ќе ги комплетира квалификациите за Европското првенство, а шансите да направиме изненадување се мали, барем според квотите во Sport Life.
Во прилог на ова оди и податокот дека на Англичаните им треба барем бод за сигурно да бидат меѓу првите носители при ждрепката за ЕП, па и тие си имаат своја мотивација за дуелот со Македонија.
Како што стојат работите во моментов, во првиот шешир при ждрепката за ЕП ќе бидат домаќинот Германија, Португалија, Франција, Англија, Шпанија и Белгија.