Англичаните никогаш не мируваат

1001 Саутхемптон – Брентфорд (20:45 ч.)

Дуел на две екипи од долниот дел од табелата, но се сигурни и далеку од зоната за испаѓање. Саутхемптон е мајстор за нерешени и има дури девет ремија во 19 кола досега. На седум од последните 10 дуели, Саутхемптон дава, но и прима најмалку по еден гол.

Брентфорд е тим кој знае да биде опасен на гости, па сезонава во девет дуели на туѓ терен загуби само трипати.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.99)

 

3614 Калјари – Болоња (20:45 ч.)

Двете екипи вкупно имаат над 20-мина играчи кои ќе им недостасуваат за овој меч, дел поради повреди, дел поради болест, а дел поради репрезентативни обврски. Калјари е во зоната за испаѓање и едноставно мора да брка бодови дома, а Болоња е ривал по мерка.

На последните пет меча на домашен терен против Болоња, Калјари има три победи и две нерешени, па се надеваат дека и сега ќе продолжи оваа добра традиција за нив.

Предлог тип: 1Х&0-3 (2.09)

 

1011 Ридинг – Фулам (20:45 ч.)

Ридинг има слаба одбрана и поради тоа тимот е во опасност од испаѓање. За разлика од нив, Фулам се бори за влез во Премиер лигата, но лондонскиот тим е во лоша низа и пет кола нема победа, поради што го загуби лидерското место на табелата.

Фулам го има убедливо најдобриот напад во Чемпионшип, а и последните три дуели со овој ривал завршиле со гол-гол 3+ комбинација.

Предлог тип: ГГ3+ (2.12)

 

5727 Судан – Гвинеја Бисау (20 ч.)

Африканскиот куп на нации секогаш било првенство каде што не треба да се очекуваат голови. Така е и на стартот на овој шампионат, па по првите два дена во кои се одиграа шест натпревари, дури пет завршија само со еден погодок.

Пред помалку од два месеци Судан и Гвинеја Бисаку играа во квалификациите за Светското првенство и тогаш резултатот беше 0:0. Реално и сега не треба да се очекуваат големи возбудувања, барем кога се работи за погодоците.

Предлог тип: 0-1 гол (2.50)

 

1557 Лека – Спортинг (21:45 ч.)

Четвртолигашот Лека е најпријатното изненадување во Купот на Португалија и ретко кој очекуваше дека овој тим ќе игра во четвртфиналето и тоа против гигантот Спортинг. Лека е доминантен во својата лига и има девет победи во 11 средби, но сепак, нема што да бара на мегдан против Спортинг.

Гостите кои се голгетерски расположени во последните неколку средби, треба лесно да ја завршат работата и да одат во следната фаза од натпреварувањето.

Предлог тип: 4+ (1.52)

 

- Оглас -

Најнови вести