Победата на Арсенал на гости кај Спортинг во Лисабон донесе доволни УЕФА бодови за Англија да се зацврсти на врвот на листата по која се прави рангирањето за следната сезона. Тоа значи дека Англија и дефинитивно во следната сезона ќе има најмалку пет екипи кои ќе играат во Лига на шампиони.
Најквалитетните лиги од Европа даваат по четири екипи во ЛШ, но УЕФА ги наградува двете најуспешни земји со уште едно место, а сега веќе и официјално се знае дека едната позиција е за англиски тим резервирана. За втората таква привилегија се борат Шпанија и Германија. Моментално Шпанците се на второто место со 20.281 бодови, додека Германија е трета со 19.714 бодови. Англија е убедлива на врвот со 25.013.
✅ CONFIRMED
🏴 England secured (at least) FIVE teams in 🔵 UCL 2026/27!
🏴 England mathematically confirmed a Top 2 place in seasonal country ranking.
🇩🇪 Germany added +0.286 and decreased the gap to 🇪🇸 Spain in the race for 2nd place! pic.twitter.com/z0az0mpZ5t
— Football Meets Data (@fmeetsdata) April 7, 2026
Интересно е дека Англија може да стигне и до дури седум клубови кои би играле во ЛШ следната сезона, што би било за прв пат во историјата на елитното натпреварување. Како е тоа можно? Моментално на првите четири позиции во Премиер лигата се Арсенал, Манчестер сити, Манчестер јунајтед и Астон вила. Ливерпул е петти со 49 бодови, а Челзи е на шестото место со 48 бодови.
Доколку Челзи заврши на петото место ќе игра во ЛШ, а Ливерпул оваа сезона успее да ја освои Лига на шампиони па како бранител на трофејот би била шеста екипа во елитното друштво. Седмиот тим би можел да биде Нотингем форест кој игра во Лига на Европа и доколку успее да ја освои титулата во второто по ранг на натпреварување на УЕФА, ќе добие автоматско место во ЛШ за следната сезона.
Комбинации има многу, но сега е јасно дека Англија ќе има најмалку пет преставници во Лига на шампиони следната сезона.

