Англичаните почнаа да дивеат, па добија ќотек од полицијата во Португалија (Видео)

Каде што се англиските навивачи, таму се и неволјите. Гордиот Албион утревечер ќе игра против Холандија во полуфиналето од Лигата на нациите во обид да стигне до трофејот во ова дебитантско натпреварување, кое има и една „виза“ за пласман на Европското првенство 2020 година.

Мечот ќе се игра во Гимераис, а градот е преполн со англиски навивачи, кои не може да седат мирни. Најпрво го окупираа центарот на градот, а потоа започнаа да фрлаат со лименки пиво по локалното население и полицијата. Тоа не траеше долго бидејќи полицијата веднаш реши да ги смири.

https://twitter.com/GMS__Football/status/1136357937558036482

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести