Англиска револуција – Предлогот е Премиер лига со натпревари покуси од 90 минути

Англичаните подготвуваат фудбалска револуција и сакаат да го намалат времетраењето на натпреварите на помалку од 90 минути.

Ова ќе важи само во услови на криза со корона-вирус и додека се играат мечеви без публика, а најавата доаѓа од извршниот директор на Премиер лигата, Гордон Тејлор.

„Понудивме и ваква идеа, но останува дополнително да ги разгледаме добрите и лошите страни. Размислуваме едно полувреме да се игра помалку од 45 минути. Секако дека ќе има дебата во која ќе бидат вклучени фудбалерите, тренерите и сите важни фактори во фудбалската игра во Англија“, изјави Гордон.

Покрај ова решение, што секако е револуционерно, се најавуваат и дополнителни измени во текот на натпреварите како право на тренерите да променат повеќе од тројца фудбалери, какво што е сега правилото во сите земји.

Денеска требаше да се одржи состанок на премиерлигашите на кој требаше да се одредат датумите за рестарт на шампионатот во Англија, но тој беше одложен.

Сега се очекува нова средба на почетокот на идната седмица, а ќе се разговара и за предлозите што ги најави Тејлор.

 

- Оглас -

Најнови вести