Англичаните повеќе од половина час се мачеа против Украина, а потоа експлозија на Сака (Видео)

Англија води со 2-0 по првото полувреме на дуелот со Украина од квалификациската група за ЕП 2024, во која е и Македонија.

Трите Лавови се мачеа повеќе од половина час, а потоа со асистенција (погоди Хари Кејн) и убав гол на Букајо Сака, фаворитот за три минути отиде на 2-0.

Голот на Сака може да го видите ТУКА.

Кејн сега има 22 гола на 31 настап на „Вембли“, а Џад Белингам стана првиот тинејџер во историјата на Гордиот Албион кој имал десет настапи на легендарниот лондонски стадион на кој Англија долги години игра како домаќин.

- Оглас -

Најнови вести