Англичаните повторно не блескаа, но и со бод против Данска се на прагот на осминафинале (Видео)

Англија не блеска на почетокот на ЕВРО 2024, но веќе освои четири бода. По триуфот од 1:0 против Србија, селекцијата на Герет Саутгејт вечерва одигра 1:1 против Данска. Традицијата продолжи, Англија никогаш не победила на првите два меча на Европско првенство.

Во последното трето коло ќе игра со Словенија, па јасно е дека е многу блиску до пласман во осминафиналето.

Англичаните со играта повторно не потврдија дека се први фаворити за трофејот. Хари Кејн во 18.минута го отвори резултатот, но возврати Мортен Хјулманд со прекрасен гол од далечина во 34.минута.

Во вториот дел, Англија беше поактивна, Фил Фоден ја погоди стативата, шанса имаше и Оли Воткинс, но и Пикфорд на спротивната страна мораше да спасува вторпат да не се тресе неговата мрежа.

 

- Оглас -

Најнови вести