Англичаните се фаворити против Србија, фудбалерките на Барса газат во Шпанија

6704 Полска – Холандија (15.00)
Холандија на последните три меѓусебни натпревари против Полска има постигнато најмалку два гола. Селекцијата на Роналд Куман е фаворит и на денешниот меч од Европското првенство, посебно што кај Полјаците ќе недостасува првиот стрелец Роберт Левандовски.
Предлог тип: 2 & Т2 (1.90)

 

6705 Словенија – Данска (18.00)
Ќе биде ова неизвесен натпревар, посебно и затоа што е премиерен за двете селекции на Европското првенство. Данска важи за умерен фаворит, но и Словенија има свои планови.
Најдобро е да се одигра на голови, а предлогот е да има најмалку еден, а најмногу три гола и во двете полувремиња.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.12)

 

6706 Србија – Англија (21.00)
Англија е фаворит на целото првенство, а сигурно дека избраниците на Герет Саутгејт ќе сакаат да стигнат до победа на стартот. Сепак, ниту Србија не е наивна селекција, иако по многу долг период повторно ќе биде дел од Европско првенство.
Се очекуваат голови, а Англија треба да ја оправда фаворитската улога на вечерашниот дуел.
Предлог тип: 2 & 3+ (2.30)

 

2511 Старт – Стабаек (15.00)
Норвежаните играат отворен фудбал со многу голови, а Стабаек е типичен пример за таков тим. На последните три натпревари на овој тим постигнати се шест, пет и дури девет гола. Нема сомнеж дека во ист стил ќе продолжат и на денешниот меч против Старт.
Домаќинот не е меѓу најдобрите состави на табелата, но секогаш умее да постигне барем еден гол, можеби и повеќе.
Предлог тип: 4+ (2.14)

 

1432 Валенсија (w) – Барселона (w) (12.00)
Барселона е супер тим во женската шпанска лига и реди победи изразени со огромна гол-разлика. Каталонските девојки и денеска речиси сигурно ќе стигнат до победата, а претпоставката е дека ќе бројат најмалку до шест. Не е тоа премногу за женски фудбал во Шпанија, посебно за меч на кој настапува Барселона.
Предлог тип: 6+ (1.94)

- Оглас -

Најнови вести