Англичаните се многу напред – Според ќар од ТВ-права, имаме Премиер лига плус Барса и Реал

Премиер лигата е најбогатата фудбалска лига според заработката на клубовите од ТВ-правата, а дури 18 клубови се во Топ-20. Или фудбалски кажано, кога би се играла најквалитетната лига на светот, според ќарот во овој сегмент, составот би бил 18 англиски клубови плус шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид.

На врвот во Топ-20 е актуелниот европски првак и англиски вицешампион Ливерпул со инаксирани 152 милиони евра, за еден милион повеќе од главниот конкурент и англиски шампион Манчестер сити.

Зад нив, очекувано, е и квартетот што ја пополнува листата на таканаречената голема шесторка на англискиот фудбал, Челзи со 146 милиони евра, Тотенхем со 145, Манчестер јунајтед со 143 и Арсенал со 142 милиони.

Зад нив е Барселона со 130 милиони евра ќар од ТВ-правата, а Реал Мадрид е на десеттото место зад Евертон и Вулверхемптон со заработка од 125 милиони евра.

Ова е благодарение на огромните договори што Премиер лигата ги има склучено, а за следните три сезони од различни бродкастери на сите континенти ќе се инкасираат околу 12 милијарди евра, убедливо најмногу за фудбалска лига на планетата.

- Оглас -

Најнови вести