Англиските премиерлигаши денес се ослободија од играчите по истекувањето на нивните договори, кои ретко добиваа шанса да играат изминатава сезона, а истите имаат шампионско реноме, или пак во одреден период биле доста корисни за своите тимови. На списокот има многу звучни имиња, а само мал дел од нив најдоа ангажман, додека останатите допрва ќе одлучуваат за својата идинина.
Меѓу попознатите играчи кои од денес се слободни се: Гери Кејхил (двократен англиски првак со Челзи), Дени Велбек (англиски првак со Манчестер јунајтед), Даниел Стариџ (европски шампион со Ливерпул), но има и многу други кои долго време ги гледавме на англиските терени, а можеби ќе ги гледаме и во иднина.
Топ 15 слободни играчи од Премиер лигата:
Гери Кејхил – Челзи
Дени Велбек – Арсенал
Стефан Лихштајнер – Арсенал
Арон Ремзи – Арсенал (договорен ангажман во Јувентус)
Винсен Компани – Манчестер сити (од претходно прифати позиција на играч/тренер во Андерлехт)
Андер Ерера – Манчестер јунајтед
Антонио Валенсија – Манчестер јунајтед
Даниел Стариџ – Ливерпул
Алберто Морено – Ливерпул
Фернандо Љоренте – Тотенхем
Самир Насри – Вест хем
Енди Керол – Вест хем
Дени Симпсон – Лестер
Шинжи Оказаки – Лестер
Фил Јагјелка – Евертон