Англичаните се распослаа по Европа – Тотенхем не може да влезе во Австрија, ќе му гостува на Волфсбергер во Будимпешта

Тотенхем е шесттиот англиски клуб што нема да му гостува на ривалот во еврокуповите во земјата од каде што потекнува нивниот противник, туку ќе игра на неутрален терен.

Австриски Волфсбергер одлучи да му биде домаќин на англискиот гигант во Будимпешта на 18. февруари. Англичаните не можат да влезат во Австрија, без задолжителен карантин, бидејќи Англија е рангирана како високоризична поради пандемијата со Ковид-19.

Претходно и Лајпциг одлучи да му биде домаќин на Ливерпул во Будимпешта на „Пушкаш“ арена во првиот осминафинален дуел од двомечот во Лигата на шампионите, а на истиот стадион и Борусија Менхенгладбах ќе му биде домаќин на Манчестер сити, исто така во првиот меч од осминафиналните двомечи во ЛШ.

Атлетико Мадрид го чека Челзи во Варшава, наместо на „Ванда Метрополитано“ во главниот шпански град.

Реал Сосиедад во Европа Лигата ќе му биде домаќин на Манчестер јунајтед во Торино, а и Бенфика нема да игра на својот „Луж“ во Лисабон, туку ќе му излезе на мегдан на Арсенал во Рим, исто така во меч од Европа Лигата.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести