Англиските клубови се рекордери според вкупните приходи што ги оствариле заедно во 2018 година и според извештајот на УЕФА се убедливо први со 5.5 милијарди евра.
Германците се зад нив со 3.16 милијарди евра, нешто повеќе од шпанските претставници од Ла Лига, кои имаат вкупни приходи од 3.14 милијарди евра.
Македонските клубови се вистинска сиромаштија во однос на европската елита и имаат вкупни приходи од 8 милиони евра и тоа речиси половина се остварени од настапите во еврокуповите. Маркетингот кај нашите клубови речиси и да не постои, а малку пари се заработуваат и од ТВ права, трансфери на фудбалери и по други основи.
Од вкупно 55 европски земји кои се наведени во извештајот на УЕФА за клупските приходи во 2018 година македонските клубови се на 41. место.
Таканаречените Топ-5 лиги комплетно си го оправдаа епитетот насилни на континентот, бидејчи зад Англија, Германија и Шпанија се италијанските клубови со 2.3 милијарди евра приходи за преклани и Франција со 1.7 милијарди евра. На шестото место е Русија со 752 милиони евра, па Турција со 748, Холандија со 497, Португалија со 440 и Топ-10 го заокружуваат белгиските клубови со приходи од 391 милиони евра.