Англичаните се ризични и затоа ги нема, ќе има ли јунак да погоди 13-ка?

Новото коло на Спортска прогноза е без англиски мечеви од едноставна причина затоа што уште постојат ризици и овој викенд да има повеќе одложени средби. Во претходното коло ниеден меч во Англија не се играше поради смртта на Кралицата Елизабета втора, а со одложувањата може да се продолжи и поради подготовките за нејзиниот погреб, односно немањето доволно полицајци да ги обезбедуваат фудбалските мечеви кои се планирани.

Иако нема англиски дуели, колото е многу интересно, а највозбудливи дуели се градското дерби во Мадрид меѓу Атлетико и Реал, како и дербито на „Сан Сиро“ во Италија меѓу Милан и Наполи.

Освен овие два меча, има уште 11 примамливи средби за прогнозирање, а главната мисија е да се погоди „Среќна 13-ка“, односно да се погодат сите 13 фикса. За перфектен учинок во едно коло секој прогнозер има шанса да си одбере подарок, и тоа Смарт ТВ самсунг 55 инчи 4К, Xiaomi Електричен тротинет или X Box Series X.

За оние кои ќе имаат 12 погодоци, следува вредносен ваучер од Sport Life од 1.000 денари, додека 500 денари вредносен ваучер следува за оние кои ќе игаат по 11 погодени.

Спортската прогноза може да ја играат сите оние коишто имаат извадено Sport Life картичка, а оние коишто ја немаат таа картичка, може БЕСПЛАТНО да аплицираат ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести