Англиските навивачи се жалат на ФИФА и поради пропуст на Светската куќа на фудбалот дел од нив не можат да влезат на стадионот „Калифа“ во Доха за мечот против Иран што веќе започна.
Huge number of fans struggling to get into England’s game because FIFA ticket app has crashed. pic.twitter.com/lJDpBH3j3x
— Matt Lawton (@Lawton_Times) November 21, 2022
Проблем е што официјалната интернет-страница на ФИФА за продажба на билети не функционира извесно време, па дел од англиските навивачи сè уште не се влезени на стадионот за премиерниот меч на нивната репрезентација на Мундијалот во Катар.