Англичаните се жалеа и од новата трева, Арената „Тодор Проески“ под клуч до крајот на зимата

Новата хибридна трева на арената „Тодор Проески“ го помина главниот тест, а тоа беше да се нагости некогашниот светски фудбалски првак Англија. Македонија одигра 1:1 против Гордиот Албион, а тревата која беше поставена пред помалку од два месеца делуваше дека не создава никакви проблеми за фудбалерите.

Сепак, по завршување на средбата, селекторот на Англија, Герет Саутгејт, потенцираше дека тревата била тврда и дека создавала проблем за неговите фудбалери на теренот да го направат последното додавање во нападот.

Поради лошата трева, „Тодор Проески“ два месеца беше „под клуч“, а откако тревата на стадионот ја поставија од Фудбалската федерација на Македонија, дуелот против Англија помина на потребното ниво.

Сепак, сега се очекува стадионот повторно да биде затворен, и тоа до крајот на зимата. Тоа значи дека фудбалските клубови на Вардар и Работнички, кои домашните средби ги играат на Арената, и во следниот период ќе мора да бараат алтернативни решенија за месата на кои ќе бидат домаќини.

- Оглас -

Најнови вести