Англија е пред две тешки гостувања во квалификациите за пласман на Европското првенство следната година. Гордиот Албион има максимални 12 бодови од четири меча, а вечерва гостува кај Чешка, која е второпласирана. По гостувањето кај Чешка, ќе следи и меч на гости против Бугарија во Софија.
Токму за гостувањето во Бугарија, Англичаните пред неколку дека најавија дека доколку бидат расистички навредувани, веднаш ќе го напуштат теренот и мечот нема да се доигра. Сепак, дека нема да биде така потврдува селекторот на Англија, Герет Саутгејт. Предводникот на анлиската репрезентација потенцира дека постојат правила на УЕФА и дека тие правила мора да се почитуваат, па затоа нема самоиницијативно да го напуштат теренот.
„УЕФА има правила и ние треба да ги почитуваме. Се останато е хипотетично. Не може уште од сега да знаеме каква ќе биде атмосферата. Играчите треба да бидат фокусирани на тоа што се случува на теренот и да се обидеме да стигнеме до нови победи“, вели селекторот Саутгејт.