Англичаните шокирани од тоа што го направија 35.000 деца на стадионот во Будимпешта (Видео)

Унгарија ја пречека Англија на стадионот „Пушкаш“ и тоа само со деца на трибините. Европската фудбалска федерација (УЕФА) ја казни Унгарија со три меча без присуство на навивачи и парична казна од 100.000 евра, поради хомофибични пораки што за време на Европското првенство беа истакнати на стадионот во Будимпешта.

УЕФА дозволи на денешниот меч да има присиство на деца, па на трибините се најдоа околу 35.000 малолетници, со цел да дадат поддршка на својата репрезентација. Пред мечот, фудбалерите на Англија традиционално клекнаа на колено, а од трибините започнаа да се слушаат свирежи.

Децата негодуваа на тоа што англиските фудбалери клекнуваат на колено, што е еден вид знак за поддршка против расизмот.

- Оглас -

Најнови вести