Англичаните следниот месец ќе гласаат за укинување на ВАР-системот

Со воведувањето на ВАР-системот светот на фудбалот доби друга димензија. На судиите им беше олеснето донесувањето правилни одлуки, но и покрај тоа, остануваат спорни моменти кои не може да се одлучат на вистински начин дури и со помош на ВАР-системот.

Во Англија постои голем отпор за ВАР-системот, па клубовите на редовниот годишен состанок кој ќе се одржи следниот месец ќе имаат шанса да гласаат за исфрлање на ВАР-системот од употреба.

Според некои проценки, дури и со ВАР-системот во Англија се направени големи грешки кои директно влијаеле врз конечниот резултат. Вулверхемптон беше клубот кој предложи да се гласа за иднината на ВАР-системот во Премиер лигата. На 6 јуни ќе гласаат сите 20 клубови.

„Не го вперуваме прстот кон никого, само го сакаме најдобро можно решение за нашиот фудбал. Сите напорно работевме за воведување на технологијата, но по пет години користење, време е за конструктивна и критична дебата околу иднината на ВАР-системот. Наш став е дека цената која ја плаќаме е за мал напредок и е спротивно со духот на нашата игра. Мислиме дека ВАР-системот треба да се укине од следната сезона“, стои во соопштението од Вулверхемптон.

- Оглас -

Најнови вести