Англичаните удрија контра: Голот на Данска е нерегуларен (Фото+Видео)

Англија за првпат во историјата ќе игра во финале на Европско првенство откако со 2:1 ја победи Данска во драматичниот меч на „Вембли“. Сите зборуваат за тоа дека пеналот по кој Англија дојде до победничкиот гол, бил нерегуларен и престрого досуден, но Англичаните најдоа друг детаљ од средбата, кој оди во нивна корист.

Според англиските медиуми, голот кој го постигна Данска за водство од 1:0 требало да биде поништен. Причина за тоа е што играчите на Данска се наоѓаат премногу блиску до „живиот ѕид“ на Англија. Правилото на ФИФА вели: „Ако во ѕидот има тројца или повеќе дефанзивни играчи, сите фудбалери од екипата која напаѓа мора да бидат одалечени најмалку еден метар“.

Данците решија да направат свој „ѕид“ за да му го покријат видното поле на голманот Пикфорд, а судијата го оддалечи на пропишаниот еден метар растојание од „ѕидот“ на Англија. Сепак, на снимката се гледа дека данските фудбалери целосно се доближија до англиските играчи и со тоа го прекршиле правилото на ФИФА.

Данска од тој слободен удар даде гол за 1:0, а судијата не го поништи поради прекршување на дел од правилата. Подоцна се случи и главниот контроверзен момент, кога во 104-тата минута беше досуден сомнителен пенал за Англија, по кој Гордиот Албион стигна до 2:1 и си обезбеди место во финалето на ЕП.

https://youtu.be/dsM93-yZZNk

 

- Оглас -

Најнови вести