На 22 јуни 1986 година, точно пред 35 години, во четвртфиналето на Светското првенство во Мексико играа Англија и Аргентина и само за четири минути, од 51-ва до 55-та, сега покојниот Диего Марадона ги постигна двата најпознати голови во историјата на фудбалот.
Англичаните и денеска сметаат дека ако тогаш имаше ВАР-технологија, двата легендарни гола би биле поништени. За првиот е јасно, Марадона го даде со рака, но судиите не го видоа тоа.
Но, во Англија сметаат дека и вториот требало да биде поништен бидејќи пред Марадона да го даде најубавиот гол во 20-ти век и најубав во историјата на светските првенства, имало фаул над Ходл и играта требало да биде прекината пред Марадона да го почне слаломот и дриблањето на целата англиска одбрана заедно со голманот Шилтон.
Ова е велемајсторскиот гол на Марадона, а на почетокот на снимката се гледа и стартот над Ходл, за кој во Англија сметаат дека било прекршок и Англија требало да изведе слободен удар, а не топката да дојде до Марадона, кој тргна во незапирлив напад: