Англичаните уверени дека Кејн се враќа во Премиер лигата, Баерн вели нема шанса

Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, нема да го напушти тимот ова лето, тврди спортскиот директор Кристоф Фројнд, кој ги коментираше информациите за евентуалното заминување.

„Ова дури и не е тема за дискусија“, изјави Фројнд.

Договорот на Кејн со Баерн е со важност до летото 2027 година. Хари Кејн одигра 44 натпревари оваа сезона, постигна 36 гола и имаше 12 асистенции.

Претходно беше објавено дека 31-годишниот напаѓач би можело да се врати во Тотенхем. Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Гери Невил, е еден од тие што се уверени дека Кејн ќе се врати во Премиер лигата откако го свои својот прв трофеј со Баерн Минхен.

„Хари Кејн е еден од најголемите напаѓачи што ги има произведено Англија. Исклучителен професионалец. Ни недостига во Премиер лигата – ни недостига неговиот квалитет и класа. Само замислете ги Челзи и Ливерпул колку би го сакале Кејн на врвот на нивниот напад. Манчестер сити го има Халанд, но останатите? Ливерпул, Манчестер јунајтед, Челзи – сите ќе бараат напаѓачи. Арсенал? Очајно бараат централен напаѓач, иако не сум сигурен дали Кејн би одел таму… Но, знаеме дека ќе се врати во одреден момент“, рече Невил.

 

- Оглас -

Најнови вести