16.8 C
Skopje
понеделник, 17 ноември 2025

Англичаните во еуфорија, Хари Кејн е подобар и од легендарниот Пеле?!

Хари Кејн продолжува да ги поместува границите. Постигна два гола во победата на Англија над Албанија и така ја продолжи својата најдобра сезона во кариерата.

Кејн веќе стигна до бројката од 30 гола и асистенции во сите натпреварувања за Баерн и Англија, со што е рамо до рамо со Ерлинг Халанд.

Интересно е што Кејн во Албанија стигна и до својот 78-ми погодок во дресот на Англија, со што на репрезентативно ниво го престигна легендарниот Пеле.
Бразилецот за националниот тим постигна еден гол помалку (77), но затоа освои три Мундијали.

Хари Кејн веќе изјави дека Англија оди на следниот турнир како еден од најголемите фаворити, а селекторот Томас Тухел верува дека токму ваков капитен може да го води тимот до самиот крај.

„Ова беше шлаг на тортата за Хари Кејн. Неговото учество во вакви натпревари е извонредно. Посветен е на сè што прави за тимот, исто како и во Баерн Минхен. Фокусиран е на својата физичка подготвеност и навистина е на врвно ниво. Дава гол по гол, но прави и сè друго, се враќа во одбрана, бара решенија во нападот и во сè е беспрекорен“, изјави Тухел.

- Оглас -

Најнови вести