Англиските клубови се познати како едни од најголемите трошаџии во летниот преоден рок во Европа, но овојпат беа многу резервирани и тивки. Досега клубовите од Премиер лигата направија 208 трансфери на играчи, за кои се потрошија 1,28 милијарди евра. Оваа бројка не е многу голема, ако се знае дека минатата година во истиот овој период беа направени дури 150 повеќе трансфери и беа потрошени дури 400 милиони евра повеќе. Во споредба со две години претходно, разликата е уште поголема. Во летото 2017 година беа потрошени 2,1 милијарди евра, што е за 900 милиони евра повеќе од тоа што досега дадоа англиските клубови за доведување нови играчи.
Преодниот рок во Англија завршува најбрзо од сите Топ 5 лиги во Европа. Клубовите имаат време до утре до 17 часот да официјализијаат трансфери за новата сезона. Тоа значи дека уште нешто повеќе од еден ден имаат на располагање сите оние кои мислат да доведат нови играчи.
Шпекулациите се дека овој период може да биде најактивен и да бидат договорени неколку трансфери, чија вкупна вредност би достигнала и до 500 милиони евра. Ова се големите трансфери кои може да се случат во следните 30 часа.
Паоло Дибала – од Јувентус во Тотенхем за сума од 70 милиони евра
Џовани ло Селсо – од Бетис во Тотенхем за сума од 55 милиони евра
Кристијан Ериксен – од Тотенхем во Манчестер јунајтед за сума од 60 милиони евра
Вилфред Заха – од Кристал Палас во Евертон за сума од 80 милиони евра
Дајот Упамекано – од Лајпциг во Арсенал за сума од 70 милиони евра
Кјеран Тирни – од Селтик во Арсенал за сума од 30 милиони евра
Бруно Фернандес – од Спортинг во Манчестер јунајтед за сума од 60 милиони евра
Дорухан Токуз – од Бешикташ во Ливерпул за сума од 20 милиони евра
Филипе Кутињо – од Барселона во Тотенхем за сума од 30 милиони евра