Астон вила со сигурни 2-0 славеше над Макаби Тел-Авив во меч од Лигата на Европа, но на овој натпревар му претходеа многу контроверзи. Властите во Бирмингем забранија гостински навивачи, а домашните фанови повикаа на бојкот на натпреварот.
На „Вила парк“ може да се забележат многу празни столчиња, а според официјалниот записник мечот го следеле 29.429 гледачи, додека капацитетот на стадионот е 42.789.
Протести имаше и пред самиот почеток на мечот, но и за време на неговото одигрување. Вкупно 11 лица се уапсени за време на нередите, а дел од нив бидејќи имале неуспешен обид да испалат пиротехнички средства кон стадионот со цел да го прекинат мечот.
Уапсените се на возраст помеѓу 17 и 67 години.

